Носителот на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица Антонио Милошоски денес во 11 часот ќе се упати кон градскиот пазар, додека во 11.30 часот ќе го посети местото каде што се гради црквата во Нова Битола.
Во 12 часот Милошоски ќе има средба со граѓаните кај „Веро“ во Битола, а потоа ќе посети неколку месни комитети.
Во 14.30 часот ќе ја продолжи својата посета во с. Белче, Демирхисарско, во 15 часот ќе присутвува на отворањето на нов изборен штаб во Демир Хисар, додека во 16 часот предвидена е посета на компанијата „Ксенос“.
Во 17.30 часот е закажан митингот во Демир Хисар, а во 20.30 часот големиот митинг во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



