Ново ветување за решавање на проблемот со булеварот Крушевска република. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на денешната средба со граѓаните од Маџир Маало, Ново Маало и Крњево изјави дека со новиот Генерален урбанистички план е предвидено оваа важна сообраќајница за Скопје да се гради под земја, додека сопствениците на куќите од Маџир Маало, низ кои досега минуваше трасата, ќе добијат можност да извадат градежни дозволи за своите објекти и истите да ги доградат. „Утврдивме дека најдобрата можност за да можат граѓаните во иднина да ги легализираат своите градби е булеварот Крушевска република да биде подземна сообраќајница. За таа цел Градот Скопје ќе направи сообраќајна студија која ќе ја изготви Градежниот факултет од Скопје и со неа ќе се одреди нивото до која ќе биде спуштена сообраќајницата, како и нејзината ширина“, истакна градоначалникот Трајановски.
Ваквата одлука на градските власти доаѓа по неколкумесечните негодувања на дел од жителите на Маџир Маало, низ чии куќи во моментов минува зацртаната траса на сообраќајницата. Булеварот Крушевска република во урбанистичките планови е вметнат уште во 60 – тите години од минатиот век. Незадоволството на граѓаните се зголеми во изминатите месеци, откако со последниот Детален урбанистички план за Маџир Маало се овозможи рушење на поголем дел од трошните куќи и изградба на нови станбени и деловни објекти на сегашните локации. Идната подземна сообраќајница треба да го поврзе булеварот „Македонија“ со булеварот „Александар Македонски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откако беа прегазени баба и внуче, општина Аеродром ќе бара ново сообраќајно решение за булевар „Србија“
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Нема возење по „Илинденска“ од вечерва до сабота