– Ако Македонија го прекине договорот со Грција, ќе има само „врева“ од Грција, особено од фашистичката партија Златна зора. Грција има свои проблеми со евро-банкарите во врска со нејзините побарувања, па во овој момент името на Македонија се чини неважно за владата во Атина. Некои земји, како Унгарија и Србија, ќе гледаат на тој потег на Македонија, како дел од општиот тренд на народите во Источна Европа за нагласување на нивните национални идентитети од време на време, па ова е нешто што многумина го оценуваат како процес на слабеење или целосен колапс на ЕУ – одговара Медсен.
Тој смета дека нема потреба да се блокира проектот „Јужен тек“ и вели оти е добро што Македонија се приклучила.
– Премиерот Никола Груевски е доста европски и НАТО ориентиран политичар. Но, од друга страна е добро што одлучи да ја приклучи Македонија на овој проект, а во добра насока е и финансискиот договор со Кина. Со ова се демонстрира подготвеност да го направи она што е најдобро за Македонија и не она што е диктирано од додворувачите како Европската унија и други меѓународните организации – изјави Медсен.
Во интервјуто за програмата „Гласот на народот“ тој вели и дека загинувањето на претседателот Борис Трајковски, најверојатно, не е несреќен случај туку атентат.
– Воздушните атентати се метод за убиство на политички лидери. Поновата историја е полна со такви инциденти официјално наречени несреќи, но веројатно се атентати – тврди Вејн за „Гласот на народот“.
Како публицист и новинар оценува дека сега ситуацијата со новинарството се сменила.
– Реалното и независно новинарство страда од корпоризација и централизација во медиумите. Новинарите се принудени да работат на агенди, а не да прават истражувачко новинарство – вели Медсен и во овој контекст додадава дека на меѓународно ниво Џорџ Сорос е еден од клучните фигури за политичко и економско нарушување на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



