| четврток, 6 декември 2018 |

Коке: Оваа екипа нема граници, продолжуваме да сонуваме

Стрелецот на единствениот гол што го однесе Атлетико Мадрид во првото полуфинале во Лигата на шампиони по 40 години, Коке, беше презадоволен од играта на екипата.

– Голот што го постигнав е многу битен за мене бидејќи ѝ помогна на екипата да се пласира во полуфиналето. Она што го направивме во првиот натпревар беше спектакуларно. Како да не победите пред ваква публика, апсолутно ја заслуживме победата. Ги елеминиравме едни од најдобрите, а можеби и најдобрите. Да се најдеш во полуфинале на Лигата на шампиони е одлично, оваа екипа нема граници. Продолжуваме да сонуваме – изјави Коке.

Капитенот на Барселона, Чави Ернандес, вели дека не е сигурен дали Атлетико заслужено поминал натаму.

– Имавме неколку шанси кои не ги претворивме во гол. Четири или пет сериозни шанси. Заслуживме барем продолжение – рече Чави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top