Кошаркарите на Атланта се сѐ поблиску до плејофот во источната конференција откако синоќа го совладаа Бостон со 105:97, зголемувајки ја предноста од две победи повеќе од единствениот конкурент за осмото место, Њујорк.
Перо Антиќ го следеше натпреварот со Бостон од клупата за резерви затоа што не доби шанса да влезе во игра поради полесна повреда.
Мемфис гризлис синоќа славеше над Мајами хит со резултат 107-102, а тоа, можеби, беше и најбитната победа бидејќи со тоа останаа во трката за плејоф.
Гризлис до победата ги предводеше Зек Рендолф со 25 поени и 11 скока, Марк Гасол уфрли 20 поени, проследени со 14 скока, а Мајк Конли постигна 26 поени и 6 асистенции. Леброн Џејмс беше најефикасниот играч на натпреварот со 37 постигнати поени, но не наиде на поддршка од соиграчите.
Дербито на вечерта се одигра во „Стејплс центар“ каде што Клиперс беше поразен од Оклахома со 107-101. Најефикасни во тимот на Тандер беа Расел Вестбрук со 30 поени, додека Кевин Дурант натпреварот го заврши со 27 поени.
Кај Клиперс, Блејк Грифин уфрли 30 поени и 12 скока, а Крис Пол постигна 25 поени, а запиша осум асистенции.
Резултати: Кливелнд-Детроит 122-100, Орландо-Бруклин 115-111, Вашингтон-Шарлот 88-94, Бостон-Атланта 97-105, Њу Орлеанс-Феникс 88-94, Милвоки-Индијана 102-104, Минесота-Чикаго 87-102, Мемфис-Мајами 107-102, Денвер-Хјустон 123-116,Портланд-Сакраменто 100-99, ЛА Клиперс-Оклахома 101-107.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.