Четврток почнува со врнежливо и ветровито време во раните утрински часови. На повисоките планини врнежите во утринските часови ќе бидат од снег. Повремен дожд е можен и во текот на претпладнето во југоисточниот дел од земјата. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно и ветровито време.
Според метеопро.мк, вредноста на дневениот максимум на температурата ќе биде во значителен пад во однос на среда и ќе биде во границите меѓу 12 и 16 степени во поголем дел од котлините.
Во Скопје се очекува променливо време со сончеви периоди. Ќе биде ветровито со ветер од северен правец. Дневниот од на температурата ќе почне од минимални 6 и ќе достигне вредност до максимални 14 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.