Фудбалерите на Атлетико Мадрид заслужено се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва го победија големиот каталонски гигант Барселона со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Коке во петтата минута. Атмосферата на Винсенте Калдерон беше фантастична и уште од самиот старт на натпреварот Атлетико имаше голема помош од трибините.
Избраниците на Диего Симеоне не загубија ниту на десетиот натпревар во ова натпреварување.
Шансите на овој натпревар беа на страната на тимот од Мадрид бидејќи уште во првите неколку минути дури три пати ја погодија гредата од голот. Во вториот дел на неколку наврати беа очи в очи со голманот Пинто, но не успеаа да постигнат уште еден гол за мирна завршница.
Сепак анемичната игра на големите ѕвезди на Барселона не им помогна на нивните навивачи да се радуваат на пласман во полуфиналето.
Баерн Минхен го победи Манчестер Јунајтед на Алианц арена со 3-1. Со оваа победа Баерн по трет пат во исто толку години успеа да се пласира во полуфиналето. Манчестер Јунајтед поведоа со голот на Евра во 57 минута, но силата на Баерн се покажа во продолжението од натпреварот. Манџукиќ брзо го израмни резултатот по две минути во 59. Милер обезбеди предност за баварскиот тим во 68 минута, а судбината на „црвените ѓаволи“ ја запечати Робен во 76 минута.
Атлетико Мадрид – Барселона 1-0 (Коке 5)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





