| четврток, 6 декември 2018 |

Од вечерва дожд и заладување

Со приближувањето на ноќта денеска нѐ очекува сѐ постудено време.

Поради продор на студена воздушна маса од север, во вечерните часови ќе имаме доста ветровито време проследено со повремен дожд, пред сѐ во северната половина од земјата. Во ноќта кон четврток врнежите ќе се прошират на повеќе места низ земјата.

Поради падот на температурата, голема е веројатноста дека на повисоките планини во земјава ќе има врнежи од снег, пишува Метеопро.

Сепак овие врнежи ќе бидат на височина над 1600 метри и ќе бидат релативно краткотрајни.

Времето утре ќе биде променливо облачно и постудено, а ќе дува умерен до засилен северен ветар.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степен, а дневната од 10 до 14 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и постудено. Попладне ќе има подолги сончеви периоди, а ќе дува умерен до засилен северен ветар. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степен, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top