| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан скопјанец му се заканувал на бившиот шеф дека ќе го убие

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.И.(42) од Скопје, за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Ноќта на 2 април годинава, околу 02:30 часот пријавениот отишол пред влезот од зградата каде што живеел неговиот поранешен шеф В.К., претседател на инспекциски служби во Влада на Р Македонија.

Л.И. неконтролирано викал и ѕвонел по влезните врати, а по пријава на настанот во полиција на пријавениот му е издаден платен налог за сторен прекршок.

По неколку дена, на 5 април, околу 21:30 часот, пријавениот, овопат под дејство на алкохол, повторно отишол пред влезната врата од станот на оштетениот, притоа вербално заканувајќи се дека ќе го убие.

Пријавениот во 2009 година добил отказ од работа, додека оштетениот бил директор во Царинската управа на Р. Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top