Во присуство на преку 100 делегати од 10 земји од регионот, од 3-5 Април успешно беше организиран и реализиран првиот саем за женско претприемништво во Дубровник, Хрватска. Саемот беше организиран од организацијата „Gender Task Force“ (GTF), во рамки на FCEM – Светскиот собир на меѓународни бизнис жени.
Саемот е една од активностите во рамки на тригодишниот проект „Женско претприемништво – мотор за создавање на работни места во ЈИЕ” чиј носител е Советот за регионална соработка. Финансиран е од страна на шведската организација „Swedish International Development Agency“ (SIDA), со цел промовирање на најдобрите пракси во женското претприемништво и изградба на национални и регионални женски мрежи и здруженија.
Имплементатори за Македонија на проектот се Здружението на бизнис жени од Македонија како и Националниот совет за родова еднаквост.
Како резултат на повеќегодишната успешна соработка, Здружението на бизнис жени од Македонија водено од Валентина Дисоска како претседател, со посебни признанија стана член на Светската организација на бизнис жени.
На саемот присуствуваа и претставници од Македонија од сите комори, бизнис сектор и невладин сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.