| четврток, 6 декември 2018 |

Во февруари издадени 212 одобренија за градење

згради
Во февруари годинава се издадени 212 одобренија за градење, што е за 3,2 проценти помалку во однос на февруари лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Најмногу дозволи за градење се издадени за скопскиот регион (56), по кој следат источниот (32), полошкиот (28), југоисточниот (27), југозападниот (25).
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3,5 милијарди денари, што е за 47 проценти повеќе споредено со февруари минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 147 (69,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 33 (15,6 проценти) за нискоградба и 32 (15,1 процент) за реконструкција.
Од вкупно 212 објекти, на 141 (66,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 71 објект (33,5 проценти) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 445 станови со вкупна корисна површина од 37.313 метри квадратни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top