| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Манчестер во тешка мисија, Барса кај незгодниот Атлетико

Ве­чер­ва се игра­ат пос­лед­ни­те два нат­пре­ва­ра од че­тврт-фи­на­ле­то на Ли­га­та на шам­пи­о­ни. Ман­че­стер ју­нај­тед со не­ре­шен ре­зул­тат оди на „Али­јанц аре­на“, а со исти­от ре­зул­тат 1-1, Ат­ле­ти­ко Ма­дрид на „Вин­сен­те Кал­де­рон“ ја пре­че­ку­ва Бар­се­ло­на. Ба­ерн Мин­хен вле­гу­ва ка­ко фа­во­рит во ре­ван­шот про­тив Ју­нај­тед, но Ру­ни се на­де­ва на из­не­на­ду­ва­ње.

– Јас ве­ру­вам, а и мо­и­те со­и­гра­чи ве­ру­ва­ат де­ка мо­же­ме да обез­бе­ди­ме плас­ман во по­лу­фи­нал­на­та рун­да од Ли­га­та на шам­пи­о­ни. До­вол­но сме ква­ли­тет­ни, има­ме до­вол­но до­бри фуд­ба­ле­ри. Ќе ни би­де мно­гу те­шко, но мо­ра да оди­гра­ме без гре­шка, со­вр­ше­но – из­ја­ви Ру­ни.

Швајн­штај­гер не­ма да мо­же да на­ста­пи по­ра­ди цр­ве­ни­от кар­тон за­ра­бо­тен на „Олд тра­форд“.

Хе­рар­до Мар­ти­нез ќе се оби­де да нај­де на­чин ка­ко да ги на­ди­гра из­бра­ни­ци­те на Ди­е­го Си­ме­о­не, кои на пр­ви­от меч мо­же­би беа и по­до­бри­от ри­вал на „Камп Ноу“. Мар­ти­нез не­ма да мо­же да сме­та на Џе­рард Пи­ке, а под знак пра­шал­ник е и Кар­лес Пу­јол.

– Првиот натпревар беше доста напорен, физички и психички. Имаше доста притисоци на двете страни. Верувам дека така ќе биде и сега. Ние ќе се бориме од првата до последната минута. Се надеваме дека ќе одиграме добро и ќе успееме да се пласираме во полуфиналето – рече Иниеста.

Во Ат­ле­ти­ко се оче­ку­ва Ди­е­го Ко­ста да би­де во по­чет­ни­от со­став, до­де­ка Ар­да Ту­ран не­ма да му би­де на рас­по­ла­га­ње на Си­ме­о­не.

Ре­ал Ма­дрид и Чел­си се пр­ви­те по­лу­фи­на­ли­сти во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те отка­ко вчера со мно­гу ма­ка ус­пе­а­ја да ги ели­ми­ни­ра­ат Бо­ру­си­ја Дорт­мунд и Па­ри Сен-Жер­мен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top