| четврток, 6 декември 2018 |

Го барале во Вардар, Велешанецот им заѕвонил на врата

Велешанец лежел во болница,  а семејството го пријавило за исчезнат – објави Вест.  Семејството на „исчезнатиот“Балов  го пребарувал кејот на Вардар мислејќи дека се удавил. Сепак Балов заминал на лекарски преглед во Скопје, но наместо рутинска контрола, тој бил задржан десетина дена во болница. Никому не јавил дека заминува на лекар, па откако не се вратил дома, семејството во паника го пријавило за исчезнат. Десет дена траела агонијата на велешкото семејство. Го пребарувале кејот на Вардар стравувајќи дека 78 годишниот страствен рибар паднал во реката и се удавил. Незнаејќи што да направат, дури и преку локалните медиуми објавиле дека Петре Балов е исчезнат. Но тој си лежел во болница во Скопје и не знаел ништо. По десет дена им заѕвонел на врата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top