Отпишувањето на долгови е едноратна мерка за социјално згрозените категории на граѓани, рече премиерот Никола Груевски, за време на гостувањето во емисијата „Јади бурек“.
-Вообичаено е во такви економски кризи луѓето да имаат фиансиски проблеми, но најмогу заглавуваат сиромашните и размислуваме како по завршувањето на кризата да им помогнене на социјално најранливите групи заради кризата и дојдвме до идеја за отпис на долгови за електрична енергија, за топлинска енергија, долгови за телефонија и кредити кои се категроизирани во Д категорија на најзагрозените социјални случаи – рече Груевски.
Појасни дека во оваа група спаѓаат приматели на социјална помош или луѓе кои немаат ни еден вработен во семјството, или се сами и невработени и дека ќе се отпишуваат долговите до 31.12.2013 година.
-Сите што имаат интерес да ја користат оваа мерка да ја прочитаат програмата, лицата кои подолго од 12 месеци се евидентирани како невработени и активно бараат работа, ако се пасивни баратели се претпоставува дека имаат имаат финансии и не спаѓаат во оваа категорија. Услов е двајцата сопружници да не се вработени или доколку не живее во заедница, самиот барател да не остварил годишен пригход повеќе од 105.600 денари, односно, ако секој месец имеле приходи кои ја надминуваат минималната плата, истите не влегуваат во оваа категорија за отпишување на долгови -појасни Груевски.
Услов за отпишување на долговите, како што појасни тој, е и барателите да немаат во сопственост свој стан или куќа, освен живеалиштето во кое што живеат.
Правото на отпис се однесува 31.12.2013 и се однесува за неплатени долгови подолго од 12 месеци.
За оваа намена, нагласи тој, ќе има специјален закон кој ќе оди во парламент и се планира да се заврши најдоцна до септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



