Премиерот Никола Груевски за време на гостувањето во емисијата „Јади бурек“, зборувајќи за странските инвестиции во Македонија, истакна дека има неколку сигурни компании, кои што што во наредните годинна-две ќе инвестираат во Македонија.
Груевски потенцираше дека во моментов за завршна фаза се преговрите со странска компанија која сака да инвестира во североисточниот дел на Македонија.
– Во завршна фаза се преговорите со една странска компанија што сака да се стационира во Североисточна Македонија, цела зона да направи со 4 до 5.000 вработувања. Ако тоа успее за тој регион ќе биде препород – нагласи Груевски.
Преговорите, како што нагласи, се во завршна фаза, но бидејќи инвестицијата се уште не е официјално потврдена, не смееше да открие за која компанија станува збор.
– Во овој момент не можам ниту фирмата да ја кажам, нитu било што поконкретно, бидејќи не ни се завршени преговорите – посочи Груевски.
Тој додаде дека колку повеќе компании инвестираат во Македонија толку повеќе конкуренцијата ќе расте за вработување и дека тогаш ќе почне реалното зголемување на платите, бидејќи кога доаѓаат повеќе фабрики, тогаш работодавачите се борат за најдобрите работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



