Тренерот на Челси Жозе Мурињо, по поминувањето во полуфинале во Лигата на шампиони изјави дека неговиот тим потполно го заслужил тоа.
– Играчите знаеја што точно да прават по секоја измена. Демба Ба ја казни нивната дефанзивна игра и сметам дека сме апсолутно заслужено во полуфинале – изјави Мурињо.
Стрелецот на победоносниот гол беше пресреќен.
– Многу сум среќен за тимот. Ова беше прв пат да посакам ПСЖ да загуби, но многу ми е мило што јас сум тој што им го нанесе поразот, а на својата екипа и донесе победа. Се се случи многу брзо, бев на земја и кога ја подигнав главата видов дека топката завршила во мрежата. Не добивав многу шанси оваа сезона, но секогаш сум спремен да дадам се од себе – вели Ба.
Капитенот Џон Тери истакна дека Мурињо и пред Челси ја освојувал Лигата на шампиони и исто така дека е одличен менаџер.
– Тоа ве одржува до самиот крај. Бевме упорни и се исплатеше. За ова се живее – рече Тери.
Од друга страна пак стратетог на парижаните Лорен Блан сеуште не може да поверува дека неговиот тим прокоцкал 2-0 од првиот натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.