Триесет и осум годишната Британка Су Радфорд има девет синови и седум ќерки. Семејството Радфорд е најголемо во Велика Британиија, а супермајката Су стигнува да пишува и на својот блог на кој ги советува другите родители како да ги одгледуваат своите деца.
Блогот месечно го посетуваат повеќе од 100 илјади лица. Таму има совети за родители за едноставни рецепти. Нејзиниот блог влезе во финалето за блогерски напревар на Велика Британија.
– Почестена сум. Блогот почнав да го пишувам во 2013 година, бидејќи тоа е начин на кој ги сочувувам спомените за моите деца. Многу ми значи тоа што сум во финалето и целото семејство е гордо на мене – изјави Су.
Таа и нејзиниот сопруг Ноел (41) живеат во куќа во која има девет спални соби. Беа и дел од реално шоу.
На блогот Су има една тажна приказна за губењето на 17-то дете. Тоа се случило минатиот септември.
– Бев на преглед. Очите ми беа фиксиррани на екранот за да го видам бебето. Видов мали рачиња и ноџиња, но тогаш срцето едноставно ми пукна, бидејќи сватив оти нема срцева акција. Никогаш не сум почувстувала толку голема болка. Никој не може да ве подготви на такво нешто. Уште не можам да ја исфрлам сликата на своето бебе од главата – напиша Су.
Оваа двојка се венчала кога Су имала 17 години. Првиот син Крис го добиле во 1989 година, кога Су имала само 14 години, додека уште не биле во брак, а најмалиот, Каспер, се родил во 2012 година. Освен нив, тие ги имаат и Софи (19), Клое (18), Џек (16), Даниел (14), Лук (12), Мил (12), Кејти (10), Џејмс (9), Ели (8), Еми (7), Џош (5), Макс (4), Тили (3) и Оскар (2).
Имаат своја приватна пекарница и не примаат социјална помош.
– Знам дека луѓето често се ѕверат во нас. Но, не разбираат дека ние сме многу посветени – изјави Су.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ме гледаат бледо и прашуваат зошто им здодевам – учителка која искрено признава дека сме сѐ поглупави
-
Џенифер Анистон се налути: Преку глава ми е од сè!
-
Лекиќ: По пласманот на завршниот турнир бевме како на реклама за паста за заби
-
Четиригодишната ќерка на Дејвид Бекам е новата икона на стилот (фото)