| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Пензиите ќе ги зголемиме за 21.5%

 

пари

За пензионерите се предвидува зголемување на пензиите секоја година по 5 отсто, вкупно 21,5 %, истакна премиерот Никола Груевски, на гостувањето во емисијата „Јади бурек“.

-Има три категории на пензии, ниска, средна и висока. Просекот што сме го зголемиле е 64%. Најниската 74%. Просекот ако го земеме е 64%.  За 4 години ќе ги зголемиме уште за 21,5 %. Нов проект е бесплатен туристички викенд за пензионери. Предвидени се околу 43 милиони денари за 4 години, односно по 10,76 годишно. Проектот со бањско-климатска рекреација потврдуваме дека ќе продолжи, истакна тој.

Груевски исто така потврди дека има проект за јавниот транспорт во Скопје за пензионери, со кој тие ќе добијат уште еден ден за бесплатен превоз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top