Напнатоста во Украина расте, а Москва и Вашингтон се обвинуваат едни со други дека во регионот околу Донецк испраќаат провокатори за да предизвикаат улични немири.
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека во Донецк и околината се собираат украинсаки сили која е сочинета од полициски специјалци, народна гарда и милитанти од радикалната десничарска организација Десен сектор.
– Особено сме загрижени дека во операцијата се вклучени и околу 150 американци платеници од приватната компанија Грејстон ЛТД. кои носат униформи на украинската специјална полициска единица Сокол, се наведува во соопштението.
Грејстон е компанија која произлезе од злогласната Блеквотер, чии платеници ширеа смрт низ Багдад, а дел од платениците се на суд во САД поради убиство на 14 цивили во 2007 година во главниот град на Ирак.
Компанијата доби толку лоша репутација што беше принудена да го промени името во „Xe Services“, а од неодамна се вика „Academi“.
Грејстон ги деманираа обвинувањата на Москва.
– Во моментот никој наш не е ангажиран во Украина, ниту имаме планови да праќаме било кој во регионот, кратко изјави портпаролот на компанијата за Вол Стрит Журнал.
Сепак, Дејли меил тврди дека негови новинари стапиле во контакт со Грејстон и дека добиле изјава во која руските тврдења не се демантираат.
– Нашиот официјален коментар по тоа прашање е дека немаме коментар, изјавиле од Грејстон за Дејли меил.
Ова не е прв пат Русите да зборуваат за присуство на припадници на поранешната Блеквотер во Украина. Минатиот месец, кога во Донецк исто така беснееја нереди на Јутјуб се појавија снимки на кои некој од луѓето на улица маскираните луѓе ги довикуваше „Блеквотер!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.