Среда ја започнуваме со претежно ведро време. Но, веќе околу пладне со надоаѓањето на високата облачност ќе се насетува промената на времето која ќе биде позначајна во текот на вечерта. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност во делови од југоистокот на земјата. Во текот на вечерта и ноќта кон четврток со спуштањето на постудена воздушна маса од север се очекува засилување на ветерот како и нагло зголемување на облачноста. Оваа облачност ќе донесе и врнежи и електрични празнења. Побурни процеси во текот на ноќта се очекуваат во западната половина од земјата. Овој бран воедно носи и нагло заладување, а со тоа и врнежи од снег на планините со височина над 1800 метри во ноќта среда кон четврток.
Според метеопро.мк, денот ќе биде релативно топол со дневен максимум на температурата кој ќе биде во границите помеѓу 19°С и 21°С во поголем дел од котлините. Најтопло ќе биде во гевгелискот крај, со максимална температура околу 25°С.
Во Скопје се очекува претежно сончево време претпладне, а доцна попладне и во текот на вечерта ќе настапи промена на времето која ќе донесе засилен северен ветер, врнежи и грмежи. Дневниот од на температурата ќе започне од минимални 5°С и ќе достигне вредност до максимални 21°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.