| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот потклекна и не падна, Борусија на прагот на подвиг, но Реал оди понатаму

Реал Мадрид и Челси се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако со многу мака успеаја да ги елиминираат Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен.

Кралевите од Мадрид беа во опасен нокдаун по првото полувреме во Дортмунд, губеа со 0-2, но издржаа до крајот и ја сочуваа предноста од првиот меч од 3-0. Ројс на двапати ја погоди мрежата на Касилјас, а Борусија на крилјата на околу 80 илјади навивачи во Дортмунд доминираше и во второто полувреме. Михтаријан промаши две прекрасни шанси за да го дотолчи фаворитот, но Ерменецот промаши од супер позиции за гол.

Во вториот дуел Челси ја анулира предноста на ПСЖ со головите на Шурле во првиот дел и на Ба во финишот на мечот. Реваншот заврши со резултат 2-0, на првиот меч беше 3-1 за тимот од Париз, па лондончани минаа понатаму благодарение на правилото кое вели дека поуспешен при вкупен нерешен резултат е тимот што дал повеќе голови на гости.

Утре се играат преостанатите два реванш дуели меѓу Атлетико и Барселона (1-1 на првиот меч) и Баерн – Манчестер јунајтед (1-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top