Македонска делегација предводена од министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, амбасадорот во Индија Тони Атанасовски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида, од 6. до 10 април учестуваат на најголемиот глобален инвестициски самит во Дубаи, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).
На Самитот учествуваат над 44 земји од светот, заедно со претставници на најголемите инвестициски фондови и компании.
На свечената манифестација на отворањето на Самитот учестувал и Шеикот Мохаммед бин Расхид Ал Мактоум, владетелот на Дубаи.
Како што соопшти кабинетот на Наумоф, за време на Самитот се очекува македонската делегација да оствари официјални средби со претсатавници од Индонезија, Брунеи, Кувајт, Саудиска Арабија, ОАЕ, Малезија и Оман.
Официјалната покана за посета на Самитот е резултат на учеството на министерот Џери Наумоф и амбасадорот Тони Атанасовски на Форумот за инвестиции во Индија (Бангалор) во јануари годинава, каде делегацијата доби лична покана од Султанот бин Саеед Ал Мансоури да го посети Самитот во Дубаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби
-
Почнува самитот Брдо-Бриони, Туск, седум претседатели и еден премиер во Скопје