Кoaлицијата за позитивна Македонија ветува нови 100 илјади работни места. Од Коалицијата најавија дека ќе водат поинаква кампања од другите.
-Нашата програма за вработување на 100.000 нови лица во реалниот сектор е најгорливото прашање и во Куманово. Кумановци место да заминуваат во Авганистан и Катар, ќе понудиме решенија овде да почнат свои бизниси. Тоа го гарантираме и нудиме преддоговор со сите наши потенцијални подржувачи затоа што сме убедени дека ќе бидеме дел од идната влада на Македонија и веруваме дека овој дел на нашата економска програма ќе биде идниот носечки столб на владината програма. Во политичкиот дел, ние сме граѓански ориентирана партија, во нашите редови има припадници на седумнаесет различни етнички заедници. Куманово е симбол на мултикултурна и мултиетничка Македонија, затоа токму јас сум носител во ова изборна единица. Верувам дека најдобриот резултат со ова наша граѓанска опција можеме да го постигнеме токму овде – изјави Владо Бучковски.
Тој нагласи дека по изборите ќе партијата ќе коалицира во владата доколку добие покана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.