| четврток, 6 декември 2018 |

Во Велес почна изградбата на германската фабрика „Маркарт“

Marquardt

Германската компанија „Маркарт“ почна со изградба на фабриката во Велес. Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра, а треба да се вработат 600 лица.

– Ова е прва странска инвестиција во Велес по 24 години. Изградбата треба да заврши во првиот кваратал од 2015 година, апо што ќе почне производство на автомобилски делови – истакна на прес-конференција Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес.

Фабриката се гради во новоформирана Индустриска зона Караслари, а ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили, како Мерцедес, Ауди и БМВ.

Според Мајсторов ова е историска пресвртница за Велес.

Германската групација Маркарт која е основана во 1925 година, досега има отворено компании во девет земји ширум светот и во нив работат повеќе од 7.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top