Главниот спортски настан оваа година е секако Светското фудбалско првенсто кое ќе се одржи во Бразил. Подготовките се работат со полна пареа, а домаќините се трудат секој детал да биде доведен до совршенство.
Официјалната песна „We are one“ која беше претставена во Бразил, наиде на фантастична реакција на публиката.
Џенифер Лопез, Клаудиа Леите и Питбул во изминатите неколку дена повторно се сретнаа за да го снимат спотот. Карневалските костими и убавите танчерки се само еден дел од нивното видео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.