Научниците настојуваат да направат чоколадни апчиња кои ќе се состојат од концентрат од здрави состојки кои ги има црното чоколадо и помагала за стабилизација на крвниот притисок.
Познато е дека црната чоколада ги спречува срцевите заболувања. Но поголемите количини темно чоколадо не е добро за телесната тежина.
Какаото содржи флаванолин кое помагаат во намалување на ризикот од мозочен удар или срцев напад. Го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го подобруваат начинот на кој организмот го апсорбира инсулинот.
Во процесот на производство на чоколадото, поголемиот број флаванолини се уништуваат, а шеќерот и мастите се додаваат за подобар вкус. Научниците сега сакаат да ги искористат добрите работи на флавонидите во нивниот првичен облик. Тие планираат четиригодишна студија во која ќе бидат вклучени 18 илјади возрасни лица кои ќе ги пијат апчињата кои ќе бидат направени од чист какако флавонолин.
Овие апчиња нема да имаат никаков вкус. Учесниците во истражувањето ќе бидат поделени во две групи и ќе пијат по две апчиња дневно. Првата група ќе добива апчиња кои содржат флавонолин, а втората ќе добива лажни апчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.