Музиката нема граници а уште ако се знае дека во нивната земја има огромна криза јасно е зошто се повеќе грчки естрадни ѕвезди доаѓаат во Скопје на печалба.
Според грчките медиуми во последниве неколку месеци неколку познати грчки естрадни уметници учествувале во музички настани во казина кои во земјава ги држат Турски бизнисмени. Пеги Зина, Ангела Димитриу, Јоргос маргаритис, Танос Петрелис и Каити Гарби се меѓу оние Грци кои ја проголтаа гордоста и за пари се согласиле да пејат во Македонија.
Во главниот град требало да пее и Михалис Хаџијанис но неговиот настап бил откажан на ден пред празникот на вљубените поради тоа екстремно ниската надокнада од не повеќе од неколку стотини евра.
Една од причините зошто грчките пејачи се канат во Македонските казина е очекувањата на сопствениците на казината дека тие ќе привлечат грчки коцкари кои што во Грција поради законите не можат да се коцкаат легално.
Другата и поважна причина е дека поради еконосмката криза грчките музичари се слабо платени или воопшто не се добиваат пари за своите настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција