| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во украинскиот парламент

tepacka ukraina

Претседателот на украинската Врховна рада, Олександр Турчинов, ја прекина денешната парламентарна седница откако изби тепачка меѓу пратеници од Комунистичката партија на Украина и националистичката партија Слобода.
Лидерот на комунистите, Петро Симоненко, упати критика до актуелната власт за непреземање соодветни мерки во југоисточна Украина.

– Луѓето одамна бараат рускиот да стане втор службен јазик. Луѓето одамна бараат некој да ги слушне нивните социјални проблеми. Власта, сепак, не ги слуша – додаде тој.

– Денешната власт ги нарекува сепаратисти демонстрантите што ги зазедоа админстративите згради во Донецк, Луганск и Харков. А, кога беа преземени регионалните администрации во западна Украина, пратениците од Слобода изјавуваа дека тоа го сториле патриоти – додаде комунистичкиот лидер.

По тие зборови, националистите се нафрлија на говорницата и почнаат оттаму да го удираа Симоненко. Комунистичките пратеници се обидоа да го одбранат својот лидер, по што почна сеопшта тепачка, која траеше најмногу пет минути.

Пратениците од другите партии успеаја да ги смират пратениците од редовите на комунистите и националистите.

Врховната рада потоа продолжи со работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top