| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Челси и Дортмунд во невозможна мисија

Денеска на програмата се два реваншни натпревари од четврт-финалето од Лигата на шампиони. Во Лондон ќе се сретнат Челси и ПСЖ, а гостите на првиот меч славеа со 3-1, па екипата на Жозе Мурињо ја чека тешка задача.

Португалскиот стратег нема да може да смета на повредениот Самуел Ето.

– Јас верувам и моите фудбалери веруваат, тоа е најважно. Сум победил на две финалиња, тие две финалиња се најважните спомени кои ги имам. Сум загубил полуфиналиња, и пораз во полуфинале е најголемо разочарување бидејќи сте на чекор до финале. Никогаш не сум бил елиминиран во групна фаза, што е добро за мене и за клубовите кои сум ги водел, но финалињата ми се најдобрите ноќи кои сум ги имал – изјави Мурињо.

Од друга страна, пак, Лорен Блан нема да може да смета на Златан ибрахимовиќ, кој се повреди на првиот натпревар.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се наоѓаат пред невозможна мисија, во вторник, тие ќе се обидат да ја надополнат негативата од три гола против Реал Мадрид и да изборат пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони.

– Минатата сезона загубивме во финалниот натпревар, а годинава, најверојатно, нашата авантура ќе заврши во четврт-финалната рунда. Сепак, ништо не е готово. Реал е фаворит и кога е во прашање победничкиот пехар во ова натпреварување. Борусија мора да се брани подобро и мора да ги искористи сите шанси пред противничкиот гол. Верувам во моите фудбалери, а да не заборавиме дека Борусија игра најдобро на реваншните дуели од четврт-финалната рунда во Лигата на шампиони – изјави Јирген Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top