| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта почна со продажба на билети за плејофот во НБА

Атланта хоукс е многу блиску до пласман во доигрувањето за титулата во НБА-лигата, а раководството на клубот во кој настапува Перо Антиќ почна со продажба на билетите за првата рунда од плејофот.

Билетите чинат од 20 до 170 долари, не сметајќи ги ВИП-позициите.

Хоукс моментно се осмопласирани во Источната конференција со солидна предност пред главниот конкурент Њујорк никс, но сè уште немаат гарантирано место во завршницата.

Ноќеска популарните „јастреби“ ќе играат во еден од клучните дуели за зачувување на осмата позиција, последна што гарантира продолжена сезона, а противник им е Детроит пистонс, екипа што нема шанси за настап во плејофот.

Антиќ и соиграчите и покрај огромните проблеми со повредите дотуркаа на чекор до плејофот, имаат биланс од 34 победи и 42 порази и 6 натпревари за играње до завршување на регуларниот дел од сезоната.

Њујорк има една победа помалку и три порази повеќе, со само 4 меча за доигрување во регуларниот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top