| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо верува во своите играчи

Вечерва се игра реваншот од Лигата на шампионите меѓу Челси и ПСЖ. Французите доаѓаат во Лондон со предност од првиот меч со два гола. Првиот натпревар во Париз заврши со 3-1 и се чини дека избраниците на Жозе Мурињо ќе имаат тешка мисија да ја надоместат негативата.
Историјата кажува дека доколку Челси успее да се пласира во полуфиналето ќе го освои ова натпреварување.
Во пресрет на овој дуел двајцата тренери дадоа свое видување за вечерашниот натпревар.

murinjo

– Воопшто не сум нервозен пред натпреварот. Верувам во моите играчи. Никој не може да претпостави како ќе се одвива мечот. Во Париз очекував тие да ја имаат топката, но ние бевме тие што ја контролираа играта во првиот час – изјави Мурињо.

Зад мене се 120 натпревари од Лигата на шампионите. Имало моменти кога сме загубиле во првиот дуел, но сме успеале да се пласираме понатаму во реваншот. Воопшто нема да ја менувам играта бидејќи не смееме рано да примиме гол. ПСЖ вечерва ќе настапи без Ибрахимовиќ, но тоа не менува многу. Имаат фантастични фудбалери на сите позиции – додаде Португалецот.

Тренерот на ПСЖ Лоран Блан не го интересира резултатот од првиот натпревар.

loran blan

– Не го гледам резултатот од првиот меч. Нема да играме дефанзивно и ќе се обидеме да постигнеме гол. Тоа ни успева на секој натпревар оваа сезона – изјави Блан пред натпреварот во Лондон.

Во секој случај, парижаните ќе бидат на голем испит. Треба да ги оправдаат големите вложувања во тимот.
Натпреварот се игра во 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top