Едно семејство решило да живее една година без консумирање шеќер. Инсписрирана од истражувањето и пишувањето на професорот Роберт Ластиг и на новинарот Мајкл Мос, Ив Шауб решила да спроведе експеримент. Таа, нејзиниот сопруг и двете ќерки Грета и Илса цела 2011 година ја поминале без консумирање шеќер.
Секој производ што го јаделе го избирале внимателно за да избегнат пченкарен сируп, фруктоза, мед или вештачки засладувачи. Храната што ја јаделе ја подготвувале дома, а на секој член од семејството му било дозволено да има еден „мал излет“ со мала количина шеќер.
– Откако сопругот ми покажа видео за штетноста на шеќерот што се додава во храната, неколку дена не престанав да размислува на таа тема. Почнав да испитувам како се храниме и што јаде моето семејство. Сопругот и јас немавме проблеми со овој експеримент, но девојчињата, ех тоа беше друга приказна. Знаев дека патот нема да биде едноставен – изјави Шауб за „Хафингтон пост“ .
Тоа што многумина ги разочара е тоа што членовите на семејството Шауб во овој период не ослабнале, но имале повеќе енергија и помалку се разболувале. Но, губењето килограми не било цел на овој експеримент.
– Забележавме дека ни се менува вкусот. Одеднаш, слаткото ни стана одбивно. Чувстувавме и бевме поздрави – изјави Ив.
Таа тврди дека нејголемата придобивка од експериментот била тоа што целото семејство почнало да се храни подобро и да се чувстува подобро. Јаделе повеќе овошје и зеленчук, внимавале што пазарат, правеле домашен леб и мајонез.
– Јас ниту сум лекарка, ниту нутриционистка, туку само загрижена мајка, која реши да се впушти во една авантура – заврши Ив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Притвор за тројца осомничени за убиството на семејството од Дебар
-
Цело семејство загина во тешка сообраќајка во Косово
-
Препознајте ги на време: Знаци кои укажуваат дека шеќерот во крвта ви е висок