Кошаркарите на Конектикат ја освоија престижната титула во колеџ кошарката во САД со победа против Кентаки во големото финале со 60-54.
Шабаз Напиер доминираше на паркетот со 22 поени и беше најзаслужен за четвртата титулата на Универзитетот „Конектикат“ или популарните Јукон од 1999 година наваму.
Конектикат беше рангиран како деветти носител во доигрувањето, а предводени од Кевин Оли успешно го минаа „мартовското лудило“ и го кренаа трофејот. Оли стана првиот тренер по Стив Фишер во НЦАА што во првата сезона ја освоил титулата.
Кај поразениот тим што го предводи познатиот Џон Калипари, најефикасен беше Џејмс Јанг со 20 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.