| четврток, 6 декември 2018 |

Членовите на вселенската станица ISS не го виделе метеорот

Космонаутите на Меѓународната вселенска станица  (ISS – International Space Station) не го виделе паѓањето на метеорот.
Ова го соопшти денеска за ИТАР-ТАСС извор во Рускатаракетно-вселенската област.

Кога паднал метеорот во Русија, Меѓународната вселенска станица веќе била над Нова Гвинеја, и затоа космонаутите кои биле во станицата не успеале да ја видат експлозијата.

Во Меѓународната вселенска станица во оваа мисија се наоѓаат Роман Романенко, Олег Новицки и Евгениј Тарелкин, Американците Томас Машберн, Кевин Форди и Канаѓанецот Крис Хефилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top