| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски се сретна со Пол Волерс

jakim volers

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски имаше едночасовна средба со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.

Амбасадорот Волерс се интересирал за актуелните избори, како за претседателските, така и за парламентарните, но и за текот на кампањите. Волерс се интересирал и за искуствата што ги има ГРОМ во текот на предизборните и изборните кампањи, односно дали оваа релативно нова партија на македонската политичка сцена се соочува со проблеми и кои се очекувањата на ГРОМ од овие избори.

Јакимовски изразил верување дека ќе има фер и демократски избори.

– На терен, има одредени притисоци од одредена партија, но ние сме подготвени да го издржиме тоа. Мислам дека на 13 и на 27 април, тие самите ќе се срамат од таквото политичко дејствување – посочил на крајот Јакимовски.

Амбасадорот Волерс се запознал и имал кратка средба и со кандидатот за претседател од Коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top