НАТО денеска соопшти дека на руските дипломати ќе им биде ограничен влезот во седиштето на алијансата во Брисел.
Соопштението следи откако Северноатлантската алијанса одлучи да ја прекине соработката со Москва поради анексијата на Крим.
– Некогашниот голем пристап до седиштето на НАТО ќе биде забранет за сите претставници на Руската мисија (во алијансата), со исклучок на амбасадорот, неговиот заменик и двајцата помошници – се наведува во соопштението од НАТО.
Во соопштението се истакнува дека доколку некој од членовите на Руската мисија побара влез во седиштето на НАТО, на него ќе бидат применети стандардните правила за посетители. Тоа значи дека членовите на Мисијата ќе мора да се најават, да се регистрираат и за време на посетата да имаат придружба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток