| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарка крадела од чанти во Клинички

СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното основното јавно обвинителство за 47-годишната С.С.И. од Република Бугарија затоа што извршила две кривични дела кражба.

На почетокот на месецов, односно во претпладневните часови,  на 2 април во Клинички центар „Мајка Тереза“ извршила две кривични дела кражба. Таа го искористила невниманието на оштетените кои чекале пред шалтерите и со протнување на рака во чантите, во двата случаи одзела женски паричници во кои имало пари и лични документи  на оштетените и еден мобилен телефон.

По извршените кражби пријавената ги зела парите, паричниците заедно со личните документи ги фрлила, а мобилниот телефон го задржала  за себе. Со платежната  картичка, сопственост на  една од оштетените, се обидела да извади пари, меѓутоа по неуспешната трансакција на банкоматот, ја фрлила картичката. Во тој момент била забележана со страна на полициски службеник, била легитимирана и приведена во ПС Центар.

Со потврда за привремено одземени предмети, од С.С.И. се одземени пронајдените предмети и со потврда се вратени на оштетените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top