СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ч. (28) од Битола, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори.
Од страна на полицијата извршени се три претреси еден во ноември 2013 и два во 2014 година, во домот на пријавениот каде се пронајдени 160,6 грама марихуана, 1,70 грама мешавина тутун и марихуана, 38 семки од растението канабис сатива, 1,53 грама кокаин.
Инаку, на 6 април пријавениот е затекнат како продава марихуана на корисник од Битола, а при извршен преглед кај корисникот е пронајдена околу 9 грама марихуана.
Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.