| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан возач се обидел да прегази полицајци

Во неделата, во раните утрински часови, околу 03.45 часот во Битола, на крстосницата од улиците  „Македонска фаланга“ и „Железничка“,  полициски службеници вршејќи контрола, се обиделе да сопрат патничко моторно возило од марката „опел“ со битолски регистарски ознаки управувано од З.Т. (39) од с. Олевени.

Но, возачот го сменил правецот на движење, влегол во спротивната  коловозна лента, движејќи се со возилото кон униформираните полициски службеници, по што удрил во тротоар.

Видно под дејство на алкохол, тој почнал да ги омаловажува полициските службеници и одбивал да биде алкотестиран.

По целосно документирање на случајот, за него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top