| четврток, 6 декември 2018 |

Во Турција немири поради поништување на резултатите од локалните избори

Protesti Turcija 19

Полицијата во турското место Џизре, во близина на границата со Сирија, денеска се судри со група демонстранти, кои протестираат поради одлуката за поништување на резултатите од локалните избори во градот Агри.

Окружниот изборен совет на Агри, во источниот дел на Турција, вчера соопшти дека локалните избори ќе бидат повторени на 1 јуни. Според првичните резултати од изборите во Агри, кандидатот на курдската Партија за мир и демократија, Сири Сакик освои само десет гласови повеќе од неговиот опонент од владејачката Партија на правдата и развојот, Хасан Арслан.

По донесената одлука за поништување на резултатите, во Џизре се собрале демонстранти со маски на лицата, кои го блокирале сообраќајот на еден од улиците во местото.

И покрај предупредувањето на полицијата, демонстрантите одбиле да се повлечат и почнале да фрлаат со камења и Молотови коктели кон полициските припадници.

Полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top