| четврток, 6 декември 2018 |

Аваков: Проруските окупатори на локалната администрација во Харков излегоа од зградата

aerodrom ukrainaПроруските демонстранти, кои синоќа ја окупираа локалната администрација во источноукраинскиот град Харков, излегоа од зградата, изјави денеска украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, без да прецизира дали е употребена сила.

– Зградата беше целосно испразнета од сепаристите. Им благодарам на сите за помошта – објави Аваков преку неговиот профил на „Фејсбук“.

Тој истакна дека се наоѓа на местото на случувањата.

– Работам во Харков. Упатувам барање кон населението да го поддржи решавањето на кризата – додаде тој.

Активисти, кои бараат федерализација на Украина и се против актуелните власти во Киев, поставија барикади пред влезот на локалната администрација во Харков.

Пристапот на вработени во администрацијата сѐ уште е делумно ограничен, јави ИТАР-ТАСС. Според агенцијата, руското знаме, поставено над зградата, веќе е симнато и над неа се вее знамето на градот.

Во меѓувреме, непознати лица, кои навлегле во зградата на локалниот разгранок на Службата за безбедност на Украина во источниот град Луганск, ја презедоа просторијата, во која се чува оружјето, соопштија локалните власти. Во моментов зградата е окупирана од демонстранти, нагласува украинската полиција.

Локалниот разгранок на Службата за безбедност на Украина во Луганск вчера беше преземен од проруски активисти, кои бараа ослободување на лидерот на т.н. Луганска гарда, Александар Харитонов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top