Поради недозволено ниво токсична материја која во големи количини е потенцијално канцерогена, цело количество штрудла со смокви на српски произведувач е повлечено од пазарите на Европската унија. Од истата причина се повлечени и крекери, јавуваат српските медиуми.
Слободан Владиќ, задолжен за безбедноста на храната при Министерството за земјоделство, за „Танјуг“ потврдил дека пред десетина дена во Министерството стигнало известување дека штрудлите со смокви содржат недозволено ниво охратоксин А, а пред неколку дена стигнало ново известување дека целото количество е повлечено од пазарот. Владиќ не можел да ја потврди информацијата за крекерите и прецизирал дека во Министерството стигнало известување само за штрудлите.
Според прописите на ЕУ, дозволено е само три микрограми охратоксин по килограм производ за возрасни и 0,5 микрограми за деца. Во штрудлите од смокви, според наводите на Националната организација на потрошувачи на Србија, имало преку 15 микрограми, а во крекерите 10 микрограми од таа токсична материја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.