Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и сеуште актуелен член на НБА тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант во разговор за “Nike Basketball Athlete Lounge” призна дека му останале уште максимум две години играње.
Уште од крајот на минатата сезона 34-годишниот Коби Брајант, свесен е дека не му остана уште многу време во НБА лигата. Во последните шест месеци Брајант, ја повторува приказната дека за две, две ипол години ќе се повлече а можеби сега за време на Ол-Старот сепак ја даде својата конечна одлука.
“Веројатно две години. Две години максимум. Можеби дури и наредната година би можела да биде крај. Тоа е една од оние работи за кои верувам дека ќе ги почувствувам едно утро кога ќе се пробудам. Кога тоа ќе го почустввуам, нема веќе враќање назад” – изјави Брајант во разговорот со поранешниот НБА играч, Дејмон Џонс.
Договорот на Брајант со Лејкерс истекува на крајот на наредната сезона а за евентуална додатна може да се одлучи доколку клубот има аспирации во поглед на освојувањето на титулата. Доколку Лејкерс не бидат конкурентни веројатно наредната сезона би била и последна за Коби во НБА лигата.
\
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


