| четврток, 6 декември 2018 |

Истражувања на неолитската населба Велушка Тумба кај село Породин

Со поддршка на Министерството за култура, продолжуваат археолошките истражувања на неолитската населба Велушка Тумба, село Породин, Битола. Во текот на досегашните истражувања на овој значаен археолошки локалитет од страна на стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола откриени се значајни наоди кои ги збогатија научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба. Пронајден е богат движен материјал, како керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Според квалитетот на пронајдениот материјал, овој археолошки локалитет претставува најзначајна пелагониска неолитска населба.
Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско, регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.

Заради значајните вредности кои ги поседува, неолитот во Пелагонија е дефиниран и како посебна Велушко-породинска културна група на раниот неолит во рамките на Балканско-анадолскиот културен комплекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top