Вчера заврши снимањето на краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“ на младиот македонски режисер Саша Станишиќ по сценарио на Кристина Христова- Николова. Снимањето траеше 6 дена и се одвиваше на повеќе локации во Битола. Ова е трет филм на режисерот Саша Станишиќ. Автор е на два краткометражни филма „Мангава диско-панк, кој беше дел од омнибусот „Скопје Ремиксд“ и „Митот за Сара“.
Главните улоги ги играат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова- Николова и Соња Ошавкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, костимограф Бурим Муслиу, музиката за филмот е на турската група „Баба Зула“.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, Националниот филмски центар во Бугарија и СЕЕ Синема нетворк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура