Со проекции на танц-филмовите „Пад“, „Хипербегство“, „Мемориска трака“, „Дијаманстски танчари“, „Еволуција на видовите“, „Отсликување“, „Хипнагогија – преодна состојба“ и „Еден погрешен потег“, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва, на 7 април, почнува претпрограмата на годинешниот јубилеен, 10. „Танц-фест“.
Филмовите ќе се прикажат и утре во МКЦ.
Според организаторот Интер-арт, за среда се предвидени проекциите на танц филмовите „Човек без кауза“, „Егон“, „Берба“, „Што се одвива“, „Над земја“, „Потони или пливај“ и „Јас сум единствениот“.
Фестивалот ќе биде отворен на 12 април на сцената на Македонски народен театар и, како што е најавено, ќе понуди нови содржини, богата програма и значајни гости од странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.