Екипата на Атланта оствари важна победа во борбата за пласман во плејофот.
Ноќеска „Јастребите“ славеа на гостувањето кај Индијана со 107:88, а нашиот Перо Антиќ го одигра досега најдобриот меч во НБА-лигата. Антиќ постигна за него рекордни 18 поени и оствари шест скока. Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога Атланта направи предност од 55:23.
Во борбата за учество во разигрувањето за титулата на Атланта во прилог беше и поразот на Њујорк од шампионот Мајами.
Пласман, источна конференција: Мајами 53-23 (победи-порази), Индијана 53-25, Торонто 45-32, Чикаго 45-32, Бруклин 42-34, Вашингтон 40-37, Шарлот 39-38, Атланта 34-42, Њујорк 33-45,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Забивањето на Антиќ прогласено за потег на колото во АБА лигата (видео)