Додека ситуацијата во Украина се вжештува, од Куба стигна вест дека руски воен брод од средата е вкотвен во Хавана меѓу туристичките јахти и крузери.
Станува збор за 90-метарскиот руски воен брод „Виктор Леонов“, чија примарна намена е собирање разузнавачки информации – т.е. шпионажа. Бродот има најсовремена опрема за прислушкување, а има и солидно вооружување – неколку топови, лансирни проектили „земја-воздух“. Виктор Леонов има посада од околу 200 морнари.
Посетите на руски бродови на Куба не се невообичаена појава, но секое доаѓање редовно е проследувано на тамошните медиуми. Овој пат Владата во Хавана молчи за посетата.
Дел од шпекулациите е дека шпионскиот брод е во Куба поради предреволуционерната состојба во блиската Венецуела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.