| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска облачно, од утре дожд

oblaci

Понеделник носи време кое на некој начин ќе биде преодно меѓу тоа што го имавме за викендот и тоа што нѐ очекува во вторник. Во текот на денот ќе има умерена облачност со сончеви периоди, а попладне во поголем дел од источните региони, особено југоистокот, се очекува развој на локална нестабилна облачност, а со тоа очекуваме и повремени врнежи. Постои веројатност за локален краткотраен попладневен дожд и во пелагониската колина. Во текот на денот ќе дува претежно слаб ветер, генерално од северен правец.

Според метеопро.мк, денот ќе биде потопол во однос на неделата, со дневен максимум на температурата кој ќе биде во границите меѓу 16 и 20 Целзиусови степени во поголем дел од котлините.

Во Скопје се очекува умерена облачност со сончеви периоди. Дневниот од на температурата ќе почне од минимални 7 до максимални 19 степени. Во текот на денот ќе дува претежно слаб ветер од северен правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top