| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава вилата од „Кум“

Ексклузивната вила и имот во Беверли Хилс, каде се снимени сцени од филмот „Кум“ на режисерот Френсис Форд Копола се подава по цена од 135 милиони долари, пренесува американската телевизија Еј-Би-Си.

Имотот познат како Беверли Хилс Компаунд, порано била во сопственост на новинарскиот магнат Вилијам Рандолф Херст и актерката Мерион Дејвис.

Легендарната филмска вила сега ја продава финансискиот експерт Леонард Рос, кој во 1976 ја купил за два милиони евра.

Во вилата, исто така, се снимени и сцени од филмот „Бодигард“ со Витни Хјустон и Кевин Костнер. Имотот се простира на шест хектари земја, а вилата има 30 спални соби и 40 бањи, како и библиотека на два ката, спа и голема дневна просторија, голем базен, билијард сала и многу други простории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top